
Нашиот 100% природен ливадски мед има светло жолта боја и извонреден вкус со природна арома. Потекнува од недопрените ливади во село Долгаец и се добива од разновидни цвеќиња. Богат е со природни ензими, витамини, минерали и аминокиселини. Овој мед ја зголемува енергијата, го подобрува нивото на железо во крвта, го зголемува апсорбирањето на калциум и го стимулира закрепнувањето на организмот. Природната лековитост го прави идеален за секојдневна употреба.