Пчеларство Аврамоски е семејна пчеларска фарма која постои повеќе од 20 години. Создаваме 100% природен мед, а нашиот асортиман брои над 15 медни производи. Пчеларство Аврамоски има над 450 кошници кои се наоѓаат во подножјето на планината Даутица, поточно во селото Долгаец, кое се наоѓа помеѓу Македонски Брод и Прилеп, на надморска висина од 750 м, која е идеална за пчеларење на висинска и низинска паша. Од оваа паша се добива природен ливадски и шумски мед. Нашето пчеларство произведува и цветен костенов мед, кој се добива со селење на нашите пчели, при што селиме над 250 пчелни кошници. Нашиот асортиман брои над 15 производи кои изобилуваат со здравствени придобивки и се 100% природни.