
Кристализиран мед или народно кажано шеќердисан мед е нормална појава. Кристализацијата е процес кога течниот мед се претвара во тврда кристална маса, а додека медот ги задржува сите свои својства и квалитет. Брзината на кристализација зависи од составот на медот и условите на чување. Кристализираниот мед е доказ дека се работи за природен мед.