
Мешавината од таан и мед е многу вкусна, а воедно и одличен извор на бројни антиоксиданти, витамини и минерали од Б-групата, како што се железо, цинк, фосфор, магнезиум, калциум и бакар. Таанот и медот во комбинација го зајакнуваат имунитетот, ја намалуваат желбата за слатки, лекуваат констипација, стомачни проблеми и се исклучително благотворни во случаите со гастритис, колитис и чир. Покрај тоа, оваа мешавина ги зајакнува коските, ги стимулира менталните активности, ја зголемува физичката издржливост и го подобрува квалитетот на здравјето на косата и кожата. Исто така се користи и за подобрување на состојбата на дишните патишта.