Во срцето на стариот дел на Охрид, со поглед кон езерото, се наоѓа мојата мала фарма за микробилки. Секое семе го одгледувам во контролирани услови, без пестициди, со многу внимание и трпение, за да стигне до вас свежо, вкусно и полно со хранливи материи. Освен свежи микробилки, создавам и производи кои ја носат истата идеја – природна, локална и одржлива храна. Остатоците од производството ги компостирам и од нив одгледувам јадливо цвеќе, затоа што верувам дека ништо не треба да се фрли кога природата може повторно да го претвори во живот. Моја цел е да покажам дека и малата фарма може да создаде голема вредност – за здравјето, за локалната заедница и за животната средина. Добредојдовте во светот на Sanja's Microgreens, каде секој лист е одгледан со љубов, знаење и почит кон природата.